Извонредни книжевни дела од европски автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик.
Повеќе за проектот →Издавачката куќа „Арс Ламина" ја создава книжевната едиција „Порта Европа", преку која пречекува и вдомува во огништето на македонскиот јазик шест извонредни книжевни дела од европски автори, кои зачекоруваат во македонскиот книжевен контекст со својот најпретставителен патен документ — Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија.
Сите шест прозни дела во себе носат приказна од сопствениот културен контекст, а истовремено меѓусебно се допираат во интроспективните аспекти и отсликувањето на внатрешните борби на носечките ликови.